Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисници на борба против дезинформации и на препознавање на „веродостојни“ извори поради напливот на сензационализам и дезинформации, соопшти извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукенберг.
„Премногу има сензационализам, дезинформации и поделеност во денешниот свет“, оцени Цукенберг, додавајќи дека социјалните мрежи им овозможуваат на луѓето пласирање на информации побрзо од кога и да е.
Тој вели дека е важно секој корисник да истакне, како што оценува, квалитетна информација, но дека е многу тешко да се одлучи кои извори на информации се веродостојни.
Социјалната мрежа што ја користат повеќе од две милијарди луѓе најави дека, меѓу останатото, ќе користи анкети за да утврди кои медиумски куќи, корисници на Фејсбук, се сметаат за веродостојни.
„Таа новина нема да ја промени колицината на информации која ја гледате на Фејсбук. Тоа само ќе ја промени рамнотежата на информации во корист на изворите кои се сметаат за вистински“, вели Цукенберг.
Од следната недела, најави тој, Њуз фид ќе им даде предност на поквалитетни вести пред оние кои објавуваат помалку веродостојни извори.







