Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фејсбук свесно допуштал ширење на лажни вести за да се заработат пари!?
Во Фокусот

Фејсбук свесно допуштал ширење на лажни вести за да се заработат пари!?

октомври 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Идентитетот на свиркачот од Фејсбук кој е заслужен за објавување на десетици илјади страници интерни истражувања и документи, што доведе до криза од големи размери за таа компанија, откриен е во емисијата „60 минути“.

Станува збор за триесет и седумгодишната Френсис Хауген. Хауген во Фејсбук работела на прашања за општествен интегритет во фирмата. Таа вели дека документите докажуваат дека Фејсбук знаел дека неговите платформи се користат за ширење омраза, насилства и дезинформации и дека компанијата се обидела да ги сокрие тие докази.

„Она што во Фејсбук секогаш одново го приметував беше судирот на интереси меѓу она што е добро за јавноста и она што е добро за Фејсбук, а Фејсбук секогаш бираше оптимизација за личните интереси само за да заработи што повеќе пари“, рече Хауген.

„Имаме докази од различни извори дека говорот на омраза, политичките говори кои делат дезинформации на Фејсбук и нашите апликации влијаат на цели општества ширум светот“, рече новинарот Скот Пели, цитирајќи Фејсбук документ.

Пред отприлика еден месец Хауген поднесе најмалку осум жалби до Комисијата за хартии од вредност, во кои се наведува дека компанијата ги крие истражувањата за своите недостатоци од инвеститорите и јавноста.

Таа документите ги подели и со „Вол Стрит Жирнал“, кој ја објави повеќенеделната истрага која покажува дека во Фејсбук биле свесни за проблемите со своите апликации, вклучувајќи негативни резултати од дезинформациите и штетата која, посебно на девојчињата и на младите девојки, им ја нанесува апликацијата Инстаграм.

Хауген, коха почнала да работи во Фејсбук во 2019 година, откако претходно работела за други технолошки гиганти како што се Гугл и Пинтерест, би требало да сведочи пред Одбор на американскиот Сенат за заштита на потрошувачите, сигурноста на производите и сигурноста на податоците.

„Ги анализирав содржините од повеќе социјални мрежи, а на Фејсбук беше значително полошо од се што дотогаш имав видено. Во одреден момент оваа година сфатив дека тоа ќе морам да го направам на систематски начин, дека ќе морам да издвојам доволно документи за да не може никој да се сомнева дали тоа што го тврдам е вистина“, рече Хауген.

Фејсбук агресивно се спротивстави на извештаите. Велат дека се работи за измами и тврдат дека Фејсбук апликациите прават повеќе корист отколку штета.

„Секој ден нашите тимови мораат да се грижат милијарди луѓе да можат отворено да се изразат, нашата платформа да ја држат сигурна и нејзината улога да биде позитивна“, рече портпаролката на ФБ, Лена Пиет.

Хауген вели дека верува оти основачот на Фејсбук и извршен директор, Марк Цукенберг, немал намера да направи платформа која ќе шири омраза, но тој допуштил да се донесуваат одлуки кои ќе произведат такви последици за да можат содржините на говор на омраза и поларизација во општеството да добијат поголема дистрибуција и поголем досег од оние афирмативните и позитивните за тоа исто општество.

актуелно дезинформации Марк Цукенберг омраза свиркач фејсбук
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.