По писмото од матичните гинеколози во кое предупредија дека ќе издаваат само упати на пациентките веднаш со рекација се јавија и од Фондот за здравствено осигурување на Р. Македонија.
„Матичните гинеколози се важна карика во здравствениот систем бидејќи се грижат за репродуктивното здравје на жените, а водено се во помал број од предвидениот во Република Македонија.
„Фондот го препознава овој факт и поради истото континуирано одржува редовни средби со Здружението на приватни гинеколози на Република Македонија – се вели во реакцијата на ФЗОМ.
Посочуваат дека Фондот секогаш ги носи своите одлуки во интерес на своите осигуренички, а пред се, во насока на обезбедување на кавлитетна и навремена задравствена заштита.
Од ФЗОМ најавуваат дека партнерски ги разгледуваат можностите за изедначување на капитациониот бод за матичните гинеколози со другите матични лекари, посочуајќи дека тоа предвидува нови финансиски средства.
„Матичните гинеколози се најскапо платените специјалисти во Репулбика Македонија, со просечна месечна исплата од 169 илјади денари по тим. Колку за споредба, тоа е повеќе од 55.500 денари отколку што Фондот исплаќа на општ матичен лекар – се вели во ракцијата на ФЗОМ.







