Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: За шест месеци 1.000 вработувања во јавното здравство
Во Фокусот

Филипче: За шест месеци 1.000 вработувања во јавното здравство

јуни 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Во последните шест месеци во јавното зравство во земјава се  реализирани 1.000 вработувања од кои најголемиот дел се доктори, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на велешката болница.

Тој најави дека и од крајот на овој месец ќе почнат првите специјализации, а поголема бројка доктори ќе почнат со специјализации од септември при тоа посочувајќи дека досега недостигот на специјалисти е резултат на лошото планирање на прием на кадри.

„Ни требаше одредено време за да ја направиме точната проекција од  која специјалност и која установа во државата ќе се упатат млади доктори на специјализација. Притоа и кога ќе почнат со специјализација треба да поминат четири–пет години тие доктори доволно да се обучат за да работат во одредена специјалност. Во одредени специјалности таа едукација не е доволна и потребна е работа на овие лекари со пациенти под менторство на постари колеги,за младите доктори да се стекнат со искуство во својата струка, рече Филипче.
За недостигот на специјалисти во болниците во внатрешноста на државата, министерот рече дека се надополнуваат со доктори од Скопје или од другите градови.
Министерот во однос на инвестициите во здравството рече дека се разгледуваат можностите да се аплицира за повеќе европски проекти кои нудат поддршка за подобрување на инфраструктурата на јавните здравствени установи во смисла на енергетски ефикасни објекти.
Најави дека при крајот на месецов со Банката на Советот на Европа ќе се разговара за можноста за кредитирање, не ’само за градба на новиот Клинички центар, туку и за реконструкција на сите јавно здраствени установи во земјава,  за кои, како што рече, сметаме дека треба да се реконструираат, а тука пред се мислиме на регионалните болници.
Во врска со долговите на јавните здравствени установи, Филипче рече дека тој изнесува околу 50 милиони евра што прави огромен проблем на функционирање на здравствениот систем.
„Долговите во сите јавни здраствени установи се’ во огромен број, ние направивме пресек за повеќе години наназад и забележавме дека долговите почнале да растат во 2012 година. Ние досега успеавме да го структуираме начинот на кој се исплаќаат, како кон јавните институции, така и кон приватните добавувачи, заради тоа што моравме да се заштитиме од блокирани сметки и блокирани институции како што е случајот со Службата за заеднички работи во Скопје, каде неколку месеци беше блокирана сметката и беа загрозени  платите и нормалниот начин на функционирање на институциите.
„Тоа е сума со која располага нашиот здраствен систем ние мора да ставиме ред, а тоа ќе го почнеме со исплатата на долговите, понатаму ќе видеме колкави ќе бидат можностите дополнителна сума на пари и како таа ќе ја насочиме кон враќање на долговите и кон развојни проекти“, појасни министерот Филипче.
Во врска со прашањето за одговорноста министерот Филипче одговори дека веројатно одговорноста треба да се бара во начинот на којшто било финансирано досега.
вработувања добавувачи здравство скопје филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026

Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.