Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Нови 364 случаи со Ковид-19, хоспитализирани 414 пациенти
Во Фокусот

Филипче: Нови 364 случаи со Ковид-19, хоспитализирани 414 пациенти

октомври 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Нови 364 случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие“, соопшти денеска на пресконференција министерот за здравство Венко Филипче.

Есента дојде состојбата со вирусот е многу сериозна, посочи Филипче и додаде дека Европа и светот постепено се затвораат со силни рестриктивни мерки.

„Како ќе се развива состојбата кај нас, во која насока ќе се движиме, колку брзо ќе го стабилизираме и овој удар зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на сите мерки и препораки кои се на сила. Здравствениот систем е подготвен да се бори и ќе се бори со вирусот. Имаме план за реорганизација на болнички капацитети и кадар за да одговориме на предизвикот по системот на ротација, нешто што подолго време функционира, но ни треба и сериозна поддршка на граѓаните. Потребно е одговорно и совесно однесување за да превенираме пренатрупување на болниците, тоа не смееме да го дозволиме. Сега е време сите максимално сериозно да пристапиме кон претстојниот период. Воопѓшто не е тешко и комплицирано да се следат основните правила за заштита“, рече Филипче.

Потенцира дека на сите инфективни одделенија во државата се хоспитализирани 414 пациенти, што е најголем број на хоспитализации од крајот на јули.

На Инфективната клиника, нагласи, има 86 пациенти, во ГОБ „8 Септември“–40 пациенти од кои четири се на респиратор, а во болницата во Козле се хоспитализирани три деца и две суспектни за кои се чека резултат.

„Во сите одделенија во државата има значителен број пациенти, некаде капацитетот е целосно исполнет и пациентите се испраќаат во Скопје. Има слободни места во Охрид, Гостивар и во Тетово. Има 46 пациенти во болницата во Струмица и таму од утре ќе се подготвува капацитетот на новото крило, каде има опрема, материјали и се што е потребно за таму да бидат сместени пациентите. Целосно е подготвена болницата во
Кочани, каде сега нема хоспитализирани пациенти за тој регион, има 60 кревети кои се подготвени за пациенти, двајца интернисти и двајца анестезиолози. Целосно подготвено е и празно одделението со 14 кревети во Кавадарци и значаен број слободни кревети кои можат од обичните одделенија да се адаптираат за третман на пациенти во болництаа во Тетово“, истакна Филипче.

Тој се осврна и на денеска објавениот неделен извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 септември до 4 октомври, и посочи дека тестирани се вкупно 9.832 материјали, а регистирани 1.203 нови позитивни случаи, што е зголемување за 35,5 отсто во однос на минатата недела.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје (n=519; 43,1 отсто), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 192,3 на 100.000 жители.

„Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12,2 отсто или три отсто повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (19,9 отсто), а најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (3,2 отсто) и од 10 до 19 години (7,5 отсто). Во однос на минатата недела, најголемо зголемување на бројот на новорегистрирани случаи се бележи во возрасните групи од третата и четвртата декада за 60 отсто односно 46,1 отсто. Од новозаболените, 13,2 отсто биле хоспитализирани, а кај 280 (26,1 отсто) лица е регистрирано присуство на коморбидитети“, рече Филипче.

Од вкупниот број нови случаи, појасни, 37,6 отсто потврдиле контакт со потврден случај, а три отсто имаат историја на патување во последни 14 дена.

Потенцира дека за оздравени се водат 786 лица, што претставува зголемување од 10 отсто во однос на претходната недела.

„Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1 отсто повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле на возраст над 60 години, а шест лица на возраст од 50 до 59 години. Дваесет и девет од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица“, рече Филипче.

Бројот на новозаболени продолжува да расте со два милиони нови случаи неделно во светот, истакна министерот и додаде дека според неделниот извештај на СЗО во периодот од 28 септември до 4 октомври на глобално ниво бројот на нови случаи неделно останува два милиони секоја од изминатите три недели.

„Кумулативно вкупно над 34,8 милиони позитивни случаи, над еден милиони смртни случаи се бележат на глобално ниво од кои најголемиот дел во Америка (55 проценти) и во Европа (23 проценти). Зголемен број случаи има во речиси сите европски земји и во т.н. црвена зона на картата на Европскиот центар за превенција и контрола на инфекциите се наоѓаат Шпанија, Чешка, Франција, Холандија, Белгија, Лусембург, Исланд, Унгарија и Данска, а сега им се придружува и Велика Британија. Земјите во ЕУ сите бележат раст и овој тренд се очекува да продолжи и понатаму. Се воведуваат зајакнати рестирктивни мерки за спречување на ширење на вирусот во есенскиот бран особено таму каде има зголемен број заболени лица и речиси сите земји воведуваат
нови мерки, а некаде има и рестрикции во движењето“, рече Филипче.

Додаде дека есенскиот бран го зафати и регионот и се бележат рекордни бројки на новозаболени–во Словенија–156, во Бугарија436, во Албанија–162, а висок е бројот на заразени и во Хрватска, Грција и Црна и Гора

актуелно Ковид-19 филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.