Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ вчера објави дека планира да инвестира многу во развивање на сопствена технологија за „автономно возење“, во Кина, најголемиот пазар на автомобили во светот.
„Кариад“ (Cariad), софтверскиот оддел на „Фолксваген“ и неговиот иден кинески партнер „Хоризон Роботикс“ (Horizon Robotics) вчера потврдија дека ќе формираат заедничко вложување кое ќе се фокусира на софтвер и специјализирани микрочипови за автономно возење.
Германците сакаат да вложат околу 2,4 милијарди евра (2,3 милијарди долари) во проектот како целина и да имаат 60% удел во новата компанија.
Доколку властите одобрат, новиот потфат би требало да започне во првата половина на 2023 година.
„Хоризон Роботикс“, со седиште во кинескиот главен град, првенствено се занимава со вештачка интелигенција, машинско учење и мрежни платформи за транспортни системи.







