Градските власти на Париз го откажаа планираниот новогодишен огномет, како и свеченоста на Елисејските полиња во текот на новогодишната ноќ во склад со новите владини правила за спречување на ширењето на омикрон видот на корона вирусот, се наведува во денешното известување на ТВ БФМ.
Францускиот премиер вчера најави дека ќе бидат забранети големите јавни забави и спектакуларниот традиционален новогодишен огномет.
Тој им препорача на сограѓаните, дури и на оние кои се вакцинирани, да се самотестираат на ковид-19 пред да се соберат на новогодишните забави, пренесе Ројтерс.







