Француските судии одлучиле да ја блокираат уплатата од два милиона евра државни субвенции на крајната десничарска партија на Марин Ле Пен, соопштија денеска Ле Пен и извори од правосудството.
Ле Пен, потоа, рече дека нејзината партија се соочува со „закана со смрт“.
Во Франција политичките партии добиваат јавни субвенции, а износот зависи од тоа како тие ќе поминат на изборите.
Партијата „Национален собир“, со децении позната како „Национален фронт“, требало деновиве да добие 2,35 милиони евра.
Судијата, меѓутоа, донел одлука да ги конфискува парите во рамки на истрагата за наводна злоупотреба на европски парламентарни фондови од страна на антимиграциската партија, наведе Ле Пен во соопштението.
„На ‘Националниот собир’ судиите и се закануваат со смрт“, тврди Ле Пен, која во повеќе наврати годинава ги критикуваше судиите и банките оценувајќи дека неправедно се нафрлиле на нејзината партија.







