Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Француските медиуми за противењето на Париз за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија
Во Фокусот

Француските медиуми за противењето на Париз за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

октомври 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Медиумите во Франција му посветуваат големо внимание на противењето на Париз за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, притоа изразувајќи неразбирање за позицијата на француската дипломатија и на шефот на државата Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Парискиот весник „Ле Монд“ под наслов „Франција и Холандија им ја затворија вратата на Северна Македонија и Албанија“ наведува дека македонските и албанските дипломати во прв план го ставаат ризикот од дестабилизацијата на Европа доколку биде одложен стартот на преговорите.

Весникот потсетува дека Париз е осамен во Брисел во врска со Северна Македонија и дека Франција поради тоа била изложена на бројни критики.

„Еурактив“ наведува дека Франција „стави бариера на европското проширување“, а сервисот на „Еуроњуз“ на француски јазик оценува дека „Албанија и Северна Македонија ќе почекаат“.

Најтиражниот регионален весник во Франција, „Уест Франс“ нагласува дека Балканот добил „студен ветер од Франција“, наведувајќи дека Париз „ставил вето“ за двете земји.

Француското национално радио „Франс Интер“ во својот уводник најостро ја критикува позицијата на француската Влада, која според авторот е спорна. Во пет минутниот коментар авторот Жан Марк Фур се обидува да ја сфати и да ја образложи француската позиција, која му изгледа „неразбирлива и дискутабилна“.

Уште на почетокот тој вели дека на состанокот на министрите за надворешни работи во Луксембург имало жестока дебата и тоа најмногу поради Париз.

Тој понатаму ги разгледува аргументите на Париз, поради кои не сака да им даде датум за преговори на двете земји. Иако, според „Франс Интер“, тие аргументи се исправни и одржливи, сепак со нив се крши ветувањето дадено од Европа и непочитувањето на дадениот збор. Фур сликовито објаснува дека тоа е како „на една екипа која била прва во Втората лига, да и се каже дека не може да влези во Првата“.

„Франс Интер“ потсетува дека Северна Македонија го промени и името на државата за да добие почеток на преговорите, што и го гарантираше шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. – Но, бидејќи Франција блокира, се е блокирано, оценува „Франс Интер“, предупредувајќи дека со ваквата позиција на Париз, Балканот се остава на другите партнери како Кина, Русија или Турција.

– Значи преземајќи ризик да го разочара и стави во очај Балканот, со оглед на историјата на регионот во срцето на Европа, тоа е сомнителен влог (на претседателот Макрон), завршува коментаторот на францускиот јавен радио сервис.

актуелно противење париз француски медиуми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.