Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Фридом Хаус“: С. Македонија со најголем раст на индексот на слободата во Европа
Македонија

„Фридом Хаус“: С. Македонија со најголем раст на индексот на слободата во Европа

март 3, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија во најновиот извештај на „Фридом Хаус“ насловен „Слободата во светот 2021“, има годишен индекс на слободата од 66 од можни сто поени, што е за три поени повеќе од лани и е рангирана меѓу петте држави со најголем раст на идексот во светот и со највисок скок во Европа.

Со оценката 66, Северна Македонија е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави, во која, меѓу останатите, се наоѓаат и сите земји од Западниот Балкан, како и Унгарија, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Индија и Мексико.

Во однос на политичките слободи земјава има индекс 27 од можни 40 поени, а во однос на граѓанските слободи 39 од можни 60 поени.

Во извештајот се посочува дека реизбраната Влада на премиерот Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќегодишното претходно уназадување на демократијата во земјата, при што се наведуваат позитивните оценки дадени од ЕУ за реформите во правосудството, како и дека е потребно да продолжи користењето на законските можности за зајакнување на независноста на судиите.

– Реформската влада на Северна Македонија беше реизбрана и нејзините институции во голема мера се справија со штетите нанесени од поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, се посочува во извештајот.

Фридам Хаус нотира напредок во поддршката на граѓанското општество и констатира дека работата на невладините организации е слободнa и безбеднa за разлика од периодот до 2017 година.

Во извештајот е посочено и дека расте бројот на критички и независни медиуми, особено на онлајн платформите, но се наведува и дека новинарите работат во услови на политички притисок, дека медиумскиот простор во земјата е поларизиран, како и дека дел од приватните медиуми се поврзани со центри на политички и бизнис интереси.

– Новоизбраната Влада на премиерот Зоран Заев го смени долгогодишното демократско назадување, но на земјата и понатаму и е ускратува шансата да стане членка на Европската унија, се додава во извештајот, во кој се нотира дека земјата и покрај позитивни оценки и препораки од европските институции се уште не ги почна преговорите за членство во ЕУ.

Како еден од клучните настани во земјата во 2020 година во извештајот се посочени парламентарните избори во јули, кои, како што се наведува, донесоа тесна победа на владејачкиот СДСМ) пред опозициската ВМРО – ДПМНЕ. – Изборите беа конкурентни, веродостојни и се одвиваа без поголем инцидент, а СДСМ наскоро формираше владина коалиција со помали партии, се наведува во документот.

Меѓу клучните настани се издвоен и усвојувањето на новиот закон за јавно обвинителство, кој „беше дел од тековната цел на реформите насочени кон старт преговорите за членство во ЕУ, како и одлуката на Унијата за почеток на пристапните преговори.

– Во октомври, ЕУ сигнализираше дека е подготвена да ги започне пристапните преговори пред крајот на годината. Во ноември, бугарската влада го блокираше почетокот на разговорите, се додава во извештајот.

Дел е посветен и на справувањето со корона кризата, при што се посочува дека властите усвоија различни мерки за ограничување на движењето и други активности како одговор на пандемијата со Ковид-19, а кон крајот на годината беше воведена вонредна состојба.

– Прекршителите на мерките се казнуваат парично, но не беа предмет на насилство или други форми на несоодветно постапување. Според Институтот за јавно здравје, до средината на декември во земјата биле потврдени 75.500 случаи на Ковид-19, се наведува во извештајот.

актуелно северна македонија Фридом хаус
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.