Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Фризерските салони и продавниците во Грција од понеделник ќе работат со нови правила
СВЕТ

Фризерските салони и продавниците во Грција од понеделник ќе работат со нови правила

април 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Постојат правила со кои треба да научиме да живееме, како што научивме да живееме ставајќи заштитен ремен во автомобилите, како што научија оние кои возат мотори да носат кацига, така сега ќе научиме да живееме со маска, вели заменик- министерот за развој и инвестиции на Грција Никос Папатанси за грчката телевизија „Мега“.

Со олабавувањето на мерките во земјата, од понеделник, заштитната маска, ракавиците за една употреба и антисептиците, во одредени случаи, стануваат задолжителни за Грците во дел од бизнисите што започнуваат со работа, како за вработените, така и за клиентите, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателката на Медицинската асоцијација од Атина, Матина Пагони за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека е потребна подготовка „за да се навикнеме на новите упатства што ќе бидат дел од секојдневието во пост –коранавирус ерата“

Фризерските салони, берберниците и салоните за убавина ќе работат само со закажан термин, а растојанието меѓу столиците треба да биде два метри.

Бројот на клиенти ќе биде во зависност од големината на салонот, ако е до 20 метри квадратни, не смее да има повеќе од четири лица (вработени и муштерии), од 20 до 100 метри квадратни, четири лица плус едно лице на секои десет метри квадратни за секој дополнителен метар од 20 до 100.

За салоните од над 100 метри квадратни, 12 лица плус едно лице на секои 15 метри квадратни.

Пагони, за АНА-МПА објаснува дека прозорците и вратите треба да бидат отворени за да влегува воздух, а да не се користат клими. Потенцира дека е потребна особена внимателност со употребата на фенот, а вработените треба да носат маски и ракавици што ќе ги менуваат за секој нов клиент.

Во однос на продавниците, од кои дел започнуваат со работа во понеделник, а другиот дел една седмица подоцна, на 11 мај, употребата на маска не е задолжителна, туку од грчката Влада има „строга препорака за користење“ и од вработените и од клиентите.

Претседателката на Медицинската асоцијација од Атина, за АНА-МПА објаснува дека во малите продавници препорачливо е да има од еден до двајца муштерии, а потенцира дека е потребна голема претпазливост во пробувањето облека.

Препорачува да сето она што поминува низ главата да не се пробува, пробувањето да се сведе на минимум, а по враќањето дома задолжително да се испере новата облека и лицето да се избања.

Во понеделник, како што вчера објави МИА, во Грција започнува првата фаза од олабавувањето на мерките со укинување на забраната за движење и отворање на фризерските и козметичките салони, берберниците, книжарниците, продавниците за електроника, за спортска опрема, цвеќарниците, како и Центрите за техничка контрола на возила.

Со работа започнуваат 68.523 вработени во 26.167 бизниси.

Грција правила продавници фризерници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција

октомври 16, 2026

Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.