Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ФРОДЕМ предлага Конфедерација со Република Турција
Македонија

ФРОДЕМ предлага Конфедерација со Република Турција

февруари 19, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бидејќи ниту раководството на ДПМНЕ, ниту оваа акутелна власт немаат сенс, но и не сакаат да го решат проблемот со името преку Генералното собрание на ОН и на тој начин да го задржиме нашето име и национално достоинство, ФРОДЕМ предлага во најкратко време да се постигне национален конзензус и да се отпочнат преговори за можна идна Конфедерација помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Ова го предлагаме поради фактот што нашиот јужен сосед долги години си поигрува со нашето трпение, достоинство и толеранција и спротивно на сите цивилизациски норми настојува по секоја цена да го промениме нашето име, идентитет, јазик и устав. Сакаме по којзнае кој пат да ги потсетиме нашите јужни соседи како и целокупната светска јавност  дека изборот на државното уставно име на секоја држава е под строга внатрешна јуридикција.

Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на сопственото име, бидејќи името на државата е неотуѓиво и суверено право. Оттаму сите понатамошни преговори и договори кои одат во насока на промена на нашето име, идентитет, јазик и устав, не ставаат во подредена ситуација и дополнително не деградираат како луѓе и како нација.

Дополнителен мотив за овој наш предлог е изјавата на шефот на грчката дипломатија дека во Виена по речиси 12-часовни континуирани преговори, според неговата перцепција, сѐ уште не постои договор за ниту една точка. Исто така сметаме дека и најавата за достава на Нацрт спогодба за името од грчка страна, нема да придонесе за изнаоѓање на компромисно и достоинствено решение за граѓаните на нашата држава.

Бидејќи Република Турција е осведочен пријател на Република Македонија која максимално коректно го почитува нашиот територијален интегритет и суверенитет, идентитет, нашето име, знаме, устав и јазик и која во овој илузорен и наметнат спор од страна на нашиот немилосреден јужен сосед е на страната на правдата и вистината, предлагаме релевантните македонски политички субјекти во најкраток можен рок да постигнат конзензус со кој би отпочнале преговори за идна Конфедерација на Република Македонија со Република Турција.

Конечната одлука за идна Конфедерација би ја донеле граѓаните на Република Македонија и Република Турција на референдум по што би следело склучување на билатерален меѓудржавен договор.

За помалку упатените, сакаме да појасниме дека Конфедерацијата во правото и политиката се толкува како сојуз на суверени држави кој е заснован на меѓудржавен договор кој е насочен кон реализација на однапред договорени заеднички цели и интереси.

Договорот за идна Конфедерација би се однесувал на клучните прашања за опстанокот на нашата држава и тоа: на заедничката надворешна и безбедносна политика, на гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет и неделивоста на државата, на подигнување и подобрување на економската состојба во нашата држава како и на други прашања кои ќе ја гарантирааат посебноста на македонската нација како и посебноста на сите останатите етнички заедници во Република Македонија, стои во соопштението од ФРОДЕМ.

актуелно Договор конфедерација македонија република туеција ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.