Елон Маск сака да изгради мрежа од 30 подземни тунели под лос Анџелес по кои ќе сообраќаат електрични автомобили, а неговата компанија „Боринг“, задолжена за проектот, веќе ископала тесен тунел долг педесетина метри.
Визијата на Маск ја очекува долг пат до остварувањето, но за почеток, градскиот совет на Хаутхорн издал дозвола тунелот да се продолжи уште три километри.
Моментно компанијата „Боринг“ ја тестира машината „Годот“ која беше користена за проект за копање канализации во Калифорнија и бара да изнајде начин како тунелот да се копа побргу и поевтино.
Тунелот ќе може да биде користен само за да се проверат патеките на кои ќе возат електричните автомобили.
Маск изјави дека автомобилите низ тунелот ќе можат да возат со брзина од 200 километри на час, а планира да сообраќаат до меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.
Градот Хаутхорн може да побара од компанијата „Боринг“ да го затрупа тунелот откако ќе биде спроведено тестирањето.







