Прв пат после завршувањето на Студената војна, Хаваи ќе ги тестира сирените чија намена е да ги предупреди жителите од напад со нуклеарни ракети, соопшти хавајската Агенција за итни интервенции.
Тестирањето на сирените ќе се спроведува во рамки на месечното тестирање на целиот систем за тревога, наведува Агенцијата, пишува Си-Ен-Ен.
Како што се прецизира, првиот работен ден секој месец од звучниците ќе се слушне прво сигнал за предупредување, а потоа и сигнал за „за нападот“.
Брзото предупредување е клучно за хавајските острови кои се наоѓаат на 4.661 милја (околу 7.400 километри) од Северна Кореја, пишува Си-Ен-Ен, и додава дека државата има само 20 минути да се подготви за евентуалниот напад.
„Воената команда има само пет минути да го карактеризира лансирањето на ракетата и во кој правец лета таа, што значи дека граѓаните имаат околу 15 минути да пронајдат засолниште“, изјавил првиот човек на Агенцијата, Вем Мијаги.
Хаваи се критична испостава на американската војска која во таа држава поседува поморски и воздухопловни бази, а командата има седиште на хавајскиот остров Оахо, пишува АП.







