Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хан: Договорот од Преспа е можност за зајакнување на добрососедските односи и билатералната соработка
Македонија

Хан: Договорот од Преспа е можност за зајакнување на добрососедските односи и билатералната соработка

февруари 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорот од Преспа е пример за помирување и можност за зајакнување на добрососедските односи, пишува еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан во писмениот одговор на пратеничкото прашање испратено од европратеникот од СИРИЗА, Димитрис Пападимулис.

Минатата есен, заменик претседателот на Европскиот парламент, испратил прашања до Европската комисија за зајакнувањето на инвестициите во двете земји, тогаш, во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа. Одговорот од Хан е со датум 8 февруари 2019. Двата дописа, со прашањата и одговорот, денеска ги објави самиот Пападимулис, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа за името е пример за помирување и можност за зајакнување на добрососедските односи, а паралелно уште повеќе ја промовира политичката и економска соработка, пишува Хан на почетокот од неговиот одговор што е во име на Европската комисија.

Во продолжение тој ги објаснува веќе постоечките програми за финансиска поддршка, како пто се IPA и Interreg, но и новите за кои се водат разговори.

„Се водат разговори за можноста поранешната југословенска Република Македонија да се вклучи во „стратегијата на ЕУ за регионот на Јадранското море“ (EUSAIR), факт што ќе ѝ овозможи зајакнување на нејзината соработка со соседните земји во однос на тематските приоритети на EUSAIR. Комисијата започна со проучување на одржливиот економски развој во поширокиот регион на Преспа, со посебен акцент на туризмот. Земјите се обврзаа, заеднички да развијат стратешки план за спроведување со цел реализација на граничен премин во близина на Преспанското Езеро, кој ќе биде кофинансиран од програмата за прекугранична соработка IPA и од грчката регионална програма, објаснува еврокомесарот за проширување.

Димитрис Пападимулис во неговото писмо до ЕК, ја споменува изјавата на заменик претседателот на Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2018, во која вели дека по финализирањето на Договорот од Преспа ќе се зголемат инвестициите во двете земји. Во продолжение, меѓу другото, прашува како Договорот од Преспа ќе влијае на развојот и инвестициите, преку кои средства и механизми, Комисијата може да придонесе за инвестиции во регионот.

актуелно билатерални добрососески Договор односи преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.