Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите
Македонија

Хан: ЕУ да го испорача ветеното, а вие да продолжите со реформите

јули 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Република Северна Македонија заслужува во октомври да добие зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради сето она што го направи изминатите години во спроведување на реформите, со Договорот од Преспа, но и Договорот за добрососедство со Бугарија. За тоа да се реализира, потребно е и натамошно спроведување на реформите особено во делот на овозможување на владеење на правото преку усвојување на законот за јавно обвинителство и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Притоа, сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата, порача еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханеес Хан на прес-коференцијата по средбата со премиерот Зоран Заев.

-Тоа е национална цел и сите во државата треба да сфатат дека треба да работат на ова. Секако, постојат дискусии и преговори, но ова сметам дека сите треба да бидат свесни за конечната цел и за судбината на државата.

Се надевам дека сите ќе ги поддржат неопходните мерки кои допрва треба да бидат преземени со цел да се постигне она што многумина од нас сакаат да го видат, а тоа е зелено светло за почеток на пристапните преговори, рече Хан.

Тој жали што земјите членки се уште немаат одлучено за отворање на пристапните преговори и што тоа не го направија во јуни затоа што, како што потенцира, земјата постигна успех, испорача се што беше побарано.

– Северна Македонија работеше вредно и време е ЕУ да ги исполни своите обврски. Некогаш мора и ЕУ да испорача, а не само вашата земја.

Но, затоа неопходно е да се продолжи со натамошно спроведување на реформите, рече еврокомесарот Хан.

Мора да продолжат напорите во оваа област и да се покаже нула толеранција во борба против корупција и организираниот криминал.

Земјите членки, додаде, го гледаат овој процес одблиску, но тоа што се прави е пред се за доброто на граѓаните. Владеењето на правото е потребно за тие да имаат доверба во институциите, но и земјата да биде стабилна и политички и економски.

Премиерот Зоран Заев смета дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поради тоа што изминатите две години напорно работела на таа цел. Уверен е дека во октомври конечно по 15 години ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори. Во меѓувреме, рече, ќе продолжиме да работиме на реформите за да не и се даде алиби на ЕУ за поинаква одлука. Порача дека власта е отворена за соработка со опозицијата за сите клучни прашања важни за интересот на граѓаните и државата.

актуелно ветено ЕУ испорака продолжување реформи Хан
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.