Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, порача дека неговата изјава дека спорот за името може да се реши за две недели била погрешно разбрана.
„Тоа беше грешка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели може да се најде решение, а не за две недели. Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името“, изјави Хан.
Хан повтори дека по препорака на Европската комисија за старт на преговори “најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.







