Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер го искоментира случајот со бегството на македонскиот екс премиер Никола Груевски.
„Силно владеење на правото е еден од основните критериуми за интеграција во ЕУ. По повеќегодишно назадување, Македонија постигнува добар напредок во оваа област, вклучително и во кривичното право. Сите земји членки на ЕУ плус соседите од Западниот Балкан треба да го поддржат овој процес.
Ова е прашање на европската кредибилност!“ напиша Хан на Твитер.






is making good progress in this area, including criminal law. All 

