Демонстрациите заради полициско убиство во Портланд, во американската држава Орегон, во петокот вечерта, се претворија во нереди. Демонстрантите кршеа прозори и провалуваа во продавниците.
Протестите започнаа во петокот попладнето, откако во четвртокот полицијата уби маж, после информациите дека лицето е вооружено, дека поседува пиштол, јавува новинската агенција АП.
Собирањето беше во знак на протест заради се позачестеното полициско насилство и солидарност за неодамна настраданите, Адам Толедо, тринаесетгодишен Јужноамериканец во Чикаго, и Донтео Рајт, Афроамериканец во Минеаполис.
Заменикот началник на градската полиција Крис Дејвис им рече на новинарите дека полицајците стрелале во триесетгодишниот маж во Лентс паркот, во станбеното предградие на Портланд, откако тој прв отворил оган на нив.
Имињата на полицајците кои го усмртиле човекот не се соопштуваат до завршување на истрагата за случајот.
(Фото: АП)