Масовна тепачка која прераснала во престрелка се случи четириесетина минути после полноќ на Булеварот „Никола Карев“ во Скопје.
Во престрелката, според првичните информации, ранети се три лица. Тројцата се префрлени в болница. Еден од ранетите починал, а другите двајца се надвор од животна опасност.
Кој во кого пукал и зошто не се знае. Мотивите што довеле прво до тепачка, а после тоа и до посегнување по оружје се уште не се познати.
Повеќе детали се најавуваат за денес.
(Фото: ТВ Сител)







