Скопје, 13 декември 2019
Како што и самите знаете дека, пред некое време како иницијатива на група пратеници 12 на број на кои се приклучија и други пратеници, со тоа што бројката достигна 18, помеѓу кои се наоѓаат претставници на помали партии од Македонскиот Блок, а меѓу нив се наоѓаат и пратеници од немнозинските заедници кои се под 20 % од вкупното население и кои се истотака претставници на партиите на тие исти граѓани кај кои бројката која гравитира е една четвртина од вкупното население (Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби и останати).
А после ЈАВНАТА ДЕБАТА што се одржа во собранието каде што учествуваше и Премиерот Зоран Заев, каде тој даде изјава дека и СДСМ како партија ја подржува оваа иницијатива, бројот на пратеници подржувачи достигна над 61.
Она што би сакал во оваа прилика да подвлечам е дека нашата намера од почеток беше искрена и во ниеден момент немавме намера да навлеземе во сценариото на конфликт со пратениците или политичките партии кои не се спремни да го подржат овој предлог закон од едноставна причина што, колку што е легитимно нашето право, да трагаме по изборен модел кој ќе ни овозможи ефективно учество во работата на највисокиот законодавен дом, исто толку е легитимно правото на поедини пратеници или полтичките партии да преферираат изборен модел по нивен терк.
Но јасно беше дека ако ни се даде шанса, нив ќе се обидеме да ги убедиме со силата на аргументите.
За жал откако предлог законот беше изгласан по кратка постапка да биде 17 та и 18 та точка на дневниот ред, утредента дознавме дека се спремаат амандмани за да се блокира овој предлог закон од причини што НЕМАЛО КОНСЕНЗУС МЕЃУ ПОГОЛЕМИТЕ ПАРТИИ и НЕМАЛО ДОВОЛНО ВРЕМЕ бидејки датумот за ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ веќе било утврдено.
Колку што ми е мене познато, согласно општо прифатената дефиниција КОНСЕНЗУС или ДОГОВОР НА ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА е постапка на ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА КОЈА НЕ СЕ ЗАСНОВА НА ВЛАДЕЕЊЕ НА МНОЗИНСТВОТО туку во најголема можна согласност помеѓу страните.
Гледан од тој аспект не е КОНСЕНЗУС ако за нешто се сложиле ВЛАДЕАЧКИТЕ ПАРТИИ И НАЈГОЛЕМАТА ОПОЗИЦИОНА ПАРТИЈА а се изоставени СИТЕ ПОМАЛИ ПАРТИИ А РЕЧИСИ СИТЕ ПАРТИИ НА ПОМАЛУБРОЈНИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ КОН КОИ ГРАВИТИРААТ речиси една четвртина од населението.
Како што спомнав и претходно. ВТОР СПОРЕН МОМЕНТ околу донесувањето на овој закон е моментумот на неговото поднесување кое случајно се совпаѓа со најавените
предвремени парламентарни избори, под изговор дека за промена на изборниот модел е потребно подолго време за негово усогласување како и подолг период за техничките прашања кои ќе се појават пред ДИК.
И едното и другото тврдење се депласирани зошто ова прашање и барање не е ново и се повторува речиси при сите измени и дополнувања на ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК и понудените измени СЕ ТОЛКУ ЕДНОСТАВНИ што практично се спроведливи за релативно кус период.
Впрочем Р.С. Македонија во својот 28 годишно плурален период ги проба речиси сите ИЗБОРНИ МОДЕЛИ.
Дословно при сите досегашни изборни циклуси ПОМАЛУБРОЈНИТЕ ЗАЕДНИЦИ нудеа измени во изборниот модел од пропорционален со ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА БЕЗ ИЗБОРЕН ПРАГ, па се до ГАРАНТИРАНИ МАНДАТИ ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ПОМАЛУБРОЈНИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ во 2007 година која и тогаш беше блокирана на ист начин исто како и сега.
Притоа како да се лесно заборава предностите на ПРОПОРЦИОНАЛНИОТ МОДЕЛ СО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА па се до МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ОД СФЕРАТА НА МАЛЦИНСКИТЕ ПРАВА содржани во бројните документи од кои голем дел се РАТИФИКУВАНИ ВО СОБРАНИЕТО на Р.С.М.
Кој согласно член 118 од УСТАВОТ се составен дел на внатрешниот правен поредок и НЕ МОЖАТ ДА СЕ МЕНУВААТ СО ЗАКОН.
Овде особено се важни препораките на ЛУНД посебно во делот на УРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ НА НИВО НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ каде меѓу другото се вели:
„ЕФЕКТИВНОТО УЧЕСТВО НА НАЦИОНАЛНИТЕ МАЛЦИНСТВА ВО ЈАВНИОТ ЖИВОТ ПРЕСТАВУВА КЛУЧНА КОМПОНЕНТА НА СЕКОЕ МИРОЉУБИВО И ДЕМОКРАТСКО ОПШТЕСТВО„
И во интерес на времето да се осврнам на клучната препорака цитирам :
„ИЗБОРНИОТ СИСТЕМ БИ ТРЕБАЛО ДА БИДЕ УРЕДЕН НА НАЧИН КОЈ ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЗАСТАПЕНОСТ И подвлекувам ВЛИЈАТЕЛНОСТ НА МАЛЦИНСТВОТО„
Ако внимателно се погледа предлог на законот, ние де факто и не бараме посебни правила и процедури кои ни следат согласно овие препораки туку ИЗМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ кој и по натаму би останал ПРОПОРЦИОНАЛЕН но место 6, целата земја би преставувала ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА.
Се друго останува исто, вклучувајќи го и Д’Хонтовиот Модел за дистрибуција на пратеничките мандати.
Овој модел е лек на избор, дотолку повеќе што во рамноправна изборна трка, ќе се ВАЛОРИЗИРА и последниот глас на електоратот, и би се ИЗБЕГНАЛЕ ПРЕДИЗБОРНИТЕ КОАЛИЦИИ кои за воља на вистината имаат ЕДНА „СТОЖЕРНА ПАРТИЈА„ и „САТЕЛИТСКИ ПАРТИИ„ околу неа кои тешко можат да реализираат, макар и дел од својата изборна програма.
И на крајот ако сме навистина декларативно „ЗА„ „ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ„ редно е да ги оставиме теснопартиските интереси и изборните математики и да се заложиме да го прифатиме овој модел, кој не само што е нај репрезентативен и нај демократски туку во овој момент е најпотребен за нашата заедничка држава Р.С.М.
Јусуф Хасани – потпретседател на Демократска партија на Турците (ТДП)
и пратеник во Собранието