Американскиот претседател Доналд Трамп ја има карактеристиката да „поттикне сосед против сосед“ исто онака како што правеше „злобниот диктатор Слободан Милошевиќ“ , изјави поранешната државна секретарка на САД , Хилари Клинтон во обраќање на „Бук Експо 2007“
Како што пренесе телевизијата Н1, Клинтон го спореди Трамп со поранешниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ кој според неа „го стимулирал етничкото чистење за време на војната во Босна и Херцеговина“
Клинтон исто така изјави дека актуелната администрација на Трамп е „абнормална“ и може да им нанесе „трајни штети на Американските институции“, и заради тоа таа стравува за иднината на САД.
Хилари Клинтон, му беше противкандидатка на Трамп на ланските претседателски избори, ги обвини и неговите приврзаници дека се луѓе кои „постојано поттикнуваат некакво нзадоволство“







