Хилари Клинтон вели дека е „под голем притисок“ да го предизвика американскиот претседател Доналд Трамп на претседателските избори следната година.
Поранешната кандидатка на демократите за претседателка на САД, која на минатите избори загуби од Трамп, одби да ја исклучи таа опција, изјавувајќи за Би-Би-Си: „Никогаш не вели никогаш“.
Клинтон (72) рече дека „цело време“ мисли на тоа каква претседателка би била ако во 2016 година го победеше Трамп.
На прашањето дали повторно ќе се кандидира, поранешната државна секретарка, сенаторка од Њујорк и прва дама на САД одговори: „Многу размислувам за тоа што би сторила поинаку и што би значело тоа за нашата земја и светот“.
Седумнаесет демократи веќе се борат да ја предводат таа партија во 2020 година.
Клинтон вели дека тој што ќе победи на изборите следниот пат, ќе има голема задача да се обиде да поправи „се што е растурено“.
„Ви велам, никогаш, никогаш, никогаш не вели никогаш“, на инсистирањето на новинарката на Би-Би-Си да каже дали во последен момент ќе се вклучи во изборната трка.
Според нејзините зборови, таа е под огромен притисок од „многу, многу луѓе“ да размисли за тоа, но тоа моментно „апсолутно не и е во планост“.
Клинтон не прецизираше кој врши притисок на неа по трет пат да се кандидира за во Белата куќа.