Илјадници луѓе се евакуирани од неколку станбени згради во повеќемилионскиот град Тијанџин, на северот на Кина, откако лизгање на земјиштето создаде големи пукнатини на околните улици, соопштија локалните власти.
Според информациите објавени кои на социјалните мрежи ги облавија од управата на градот, пукнатините достигнуваат длабочина од 1.300 метри.
„Евакуирани се 3.899 жители од најмалку три згради, со висина од 25 ката, во блиските хотели“, пренесува „Глобал Тајм“.
Градската управа на Тијанџин го нарече инцидентот „ненадејна геолошка катастрофа“ после првите информации кои ги добиле од експерти и неколку владини служби кои ги снимија локациите.
„Не може да се исклучи дека дупчењето на геотермалните извори резултирало со губење на почвата и нејзино уривање во таа област“, соопштуваат оттаму.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат искривени патишта, а споменатиот „инцидент“ го привлече вниманието за прашањето за безбедноста на станбените згради во Кина.
Инаку, кинеската влада воведе строги правила и остри казни во случај на незадоволително управување со недвижностите.
Покрај тоа, властите неодамна иницираа неколку состаноци на високо ниво за подготвеност од геолошки и други скриени катастрофи.