ОВЕН
Во срцето ви се вовлекле стравови. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како човек или тоа е поради вашата моќ нешто да им пружите, дури и материјално. Одговорот на оваа дилема морате да го побарате во длабочината на душата која ја препознава вистината.
БИК
Можете да сметате на голема поддршка од пријателите и соработниците затоа што во изминатиот период со своето залагање и пожртвуваноста тоа го заслуживте кај нив. Ве очекува потпишување на договор со кој вашата кариера ќе тргне во дуга насока.
БЛИЗНАЦИ
убави вести ви стигнуваат од странство. Конечно вашите необични идеи го пронаоѓаат патот до вистинските луѓе. Сепак, не очекувајте дека се ќе оди мазно. Во реализацијата ве чека неочекувана пречка. Ако стрпливо го решите проблемот, пред вас е добра прилика.
РАК
Претерано сте нестрпливи, не ги контролирате емоциите. Неопходно е да покажете повеќе благодарност за оние луѓе кои во минатото ве поддржуваа. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.
ЛАВ
Ве очекуваат задачи кои ве тераат да излезете од воспоставената рутина. Иако сте работно расположени, специјалните барања се напорни затоа што од вас се очекува да дадете се од себе, па и повеќе од тоа. Крајот на денот ќе ви донесе олеснување затоа што сте успешни.
ДЕВИЦА
Непријатните вести можат во целост да ви ја поматат концентрацијата. Вашата потполна посветеност на одредена тема може овие денови многу да ве чини ако дозволите да ви „избегаат“ важни детали во врска со работата која секојдневно ја обавувате.
ВАГА
Размислувате за работа наместо моментната позитивна енергија да ја поделите со домашните кои, во изминатиот период, ги запоставивте. Ве депримира непријатна атмосфера околу вас, а не согледувате дека токму вие сте причина за такво расположение.
ШКОРПИЈА
Благодарение на своите способности добивата мала благодарност во вид на симболичен подарок. Ви годи признанието, без оглед на тоа што количината на вашиот вложен труд е значително поголема од подарокот кој ќе го добиете. Мудро заблагодарете се, вистинскиот надомест следи потоа.
СТРЕЛЕЦ
Размислувате за нови начини на работење и наоѓате интересни методи со кои ќе се занимавате во текот на работата. Пречките во комуникацијата со претпоставените ќе ги почуствувате првенствено низ притисокот дека работата мора да биде завршена пред истекот на рокот. Бидете внимателни во сообраќајот.
ЈАРЕЦ
Транзитирањето на планетите ви донесува шанса идеите, кои до сега беа несфатени, конечно да ги презентирате и да добиете поддршка од колегите од кои тоа најмалку сте го очекувале. Ви следи и официјално запознавање со влијателно лице кое го познавате од видување.
ВОДОЛИЈА
Полни сте со себе и потполно сте свесни по кој пат треба да оди вашиот професионален развој. Не се колебајте, прифатете ја секоја понуда во овој момент иако таа на прв поглед не е примамлива. Останете во игра затоа што во прашање е исплатлива работа.
РИБИ
Моментен пад на енергијата ве воведува во нервоза и напнатост. Отворените судири на работа можат да ве исфрлат „од колосек“. Работната средина во која се наоѓате е преполна со негативен набој па затоа за вас би било најдобро да се повлечете и малку да се одморите.







