Јарец
Љубов: Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.
Кариера: Ќе биде затегнато на работното место, зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.
Совет: Изразите го својот став и борете се.
Водолија
Љубов: Уште сте подготвени за многу нова љубов, а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.
Кариера: Нема друго, туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти, туку напротив, ќе се очекува многу од вас.
Совет: Одморете се во слободното време.
Риби
Љубов: Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.
Кариера: Денеска ќе бидете посветени на своите надредени, кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.
Совет: Бидете смирени. Имате преоден стрес.
Овен
Љубов: Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно, а ќе постои и одредена блискост.
Кариера: Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите. Бидете трпеливи.
Совет: Радувајте му се на секој убав момент.
Бик
Љубов: Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.
Кариера: Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.
Совет: Бидете умерени.
Близнаци
Љубов: Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.
Кариера: Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.
Совет: Прошетајте се на воздух.
Рак
Љубов: Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации, бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.
Кариера: Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.
Совет: Издржете.
Лав
Љубов: Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.
Кариера: Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.
Совет: Имате преодна психичка нестабилност. Релаксирајте се.
Девица
Љубов: Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите, па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.
Кариера: Се отвораат нови можности за соработка, но само ако постапувате професионално и одмерено.
Совет: Имате душевен немир што набргу ќе помине.
Вага
Љубов: Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.
Кариера: Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.
Совет: Внимавајте да не се сплеткате.
Шкорпија
Љубов: Нема да се збуните, доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.
Кариера: Една тајна има голема тежина, а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.
Совет: Припазете на здравјето. Можни се мали проблеми со бубрезите.
Стрелец
Љубов: Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.
Кариера: Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно, па ќе мора да ги убедувате.
Совет: Заштитете се. Постои можност за настинка.







