Даваме целосна поддршка на новата македонска влада за остварување на реформите и на членството во НАТО, со затворање на билатералните спорови, меѓу кои и оној со Грција, упати заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји.
Очекуваме новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји-долгогодишни партнери на Македонија, во насока на спроведување на реформите за напредок.
Очекуваме владата да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја и Грција. Целта е постигнување на спогодби кои што би го деблокирале патот на Македонија кон евроатлантска интеграција рече Ји за босанската редакција на „Гласот на Америка“.
Тој нагласи дека САД продолжуваат да го следат овој регион одблиску, затоа што тој е дел од нивните интереси.
Политиката на САД кон државите во регионот е непроменета, бидејќи се базира на американските интереси за регион што се движи напред, кон интеграција во Европа и нејзините институции, кон подобра клима на инвестиции, за подобар живот на граѓаните – порача Ји.







