Прв пат на Вимблдон, а втор пат во кариерата, најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се бори за титулата на Гранд Слем турнирот откако денеска во полуфиналето го совлада дваесет и деветгодишниот Американец Сем Квери со 6-7, 6:4, 7:6, 7:5 после два часа и 56 минути игра.
Благодарејќи на петтата победа над Квери во исто толку средби, Чилиќ стана втор хрватски тенисер којшто стаса до финалето на лондонскиот турнир, а во недела ќе се обиде да стане и вториот Хрват со вимблдонската титула која во 2001 ја освои Горан Иванишевиќ во своето четврто финале.
Чилиќ во финалето ќе игра против победникот од другото полуфинале во кое ќе се сретнат седумкратниот вимблдонски победник Швајцарецот Роџер Федерер и Чехот Томаш Бердих, којшто беше финалист на овој турнир во 2010 година.
Марин против Федерер има една победа од седум средби, онаа од полуфиналето на УС Опен во 2014 година, кога го освои својот прв Гранд Слем турнир, а резултатот од средбите против Бердих е нерешен – 6:6, со тоа дека Чилиќ победи во четири од последните пет средби.








