Со едногласна одлука на состанокот на министри за внатрешни работи на земјите-членки во Брисел, Хрватска станува 27-ма членка на Шенген зоната, и за помалку од еден месец ќе се укинат граничните контроли на копнените и поморските гранични премини, а на пролет на аеродромите.
Министрите за внатрешни работи на 22 држави, членки на Европската унија, кои се и членки на Шенген, донесоа конечна одлука за „целосна примена на правото на Шенген во Република Хрватска“, што значи укинување на граничните контроли кон Шенген зоната.
Во исто време, Бугарија и Романија не добија зелено светло на иста средба. Австрија беше против приемот на двете земји, а Холанѓаните само против Бугарија.
Во „Шенген“ влегуваат 26 држави од кои 22 се членки на Европската Унија. Четирите други, кои се во зоната, а не се во Унијата, се Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.







