Се чини дека на кинеската компанија Хуавеј конечно и успеа нејзиниот план да го престигне Епл и доаѓањето на второто место на табелата на најголеми светски производители на паметни телефони.
Тоа го потврдуваат најновите податоци, за месец јули, кои ги објави фирмата за маркетиншки истражувања Кантерпоинт (Counterpoint). Кинеската компанија имала константен раст, посебно во периодот од јуни до јули.
Во Кантерпоинт заклучиле дека трендот на раст на продажбата на уредите на Хуавеј најверојатно продолжил и во авгуаст. Водечки производител на паметни телефони и понатаму е Самсунг, додека Епл, како што веќе се спомена, падна на третото место.
Интересна е и табелата на десетте најчесто продавани модели на паметни телефони во јули, а на неа нема ниту еден производ на Хуавеј.
Најпродаван телефон меѓу 1 и 31 јули годинава бил Ајфон 7, после што следат Ајфон 7 Плус, Опо Р11, Опо А57, Самсунг Галакси С8, Ксиами Ноте 4Х, Самсунг Галакси С8 Плус, Ајфон 6, Самсунг Галакси Ј7 Прајм и на крајот Самсунг Галакси А5-2017.