– Во Делчево успешно реализирана хуманитарна акција по повод Светскиот ден на гладта. Активноста се реализираше во организација на делчевската деветолетка „Св.Климент Охридски” од каде се заблагодарија до сите ученици како и наставниот кадар и родителите за огромната поддршка.
– Иницијативата е на учениците од осмо одделение кои ја организираа оваа хуманитарна акција по повод Светскиот ден на гладта која беше успешно реализирана. Голема благодарност до учениците, родителите и вработените кои донираа и покажаа дека сме хумани и општествено одговорни граѓани, истакнаа од училиштето.
Пакетите со храна, како што најавија, ќе бидат поделени на ученици од подрачните и централното училиште.
– Целта е да им се помогне на семејствата во социјален ризик и со тоа да поттикнеме со слични активности да се вклучат уште повеќе општествено одговорни фирми од градот, истакнаа дел од учениците кои учествуваа во акцијата.
Од училиштето „Св.Климент Охридски” најавија повеќе вакви акции и во иднина.