Јеменската бунтовничка група Хути, кои се поддржани од Иран, соопшти денеска дека собориле американски дрон на границата со Саудиска Арабија.
Тоа го изјави портпаролот на Хутите, Јехиа Сареа, наведувајќи дека шпионското летало познато како „Скен Игл“ (Scan Eagle) изведувало непријателски операции близу саудиската провинција Асир, кога Хутите ја срушиле, пренесува АП.
Таа група не објавија фотографии или видео снимки кои тоа би го докажале, а немало ни коментари од американска страна.
Како што се наведува, последниве два месеца Хутите собориле најмалку два американски дрона.







