Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Ги приспособуваме профилите од средно стручно образование на потребите на компаниите
Во Фокусот

Царовска: Ги приспособуваме профилите од средно стручно образование на потребите на компаниите

февруари 17, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во рамки на кампањата на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“, дебата помеѓу компаниите и средните стручни училишта денеска се одржа во Крива Паланка и Кратово. Целта е да се отворат барани профили во стручните училишта во консулатција со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи.

Министерката Мила Царовска истакна дека на овие средби со градоначалниците, средните училишта и претставниците од ралниот сектор во општините разговараат кои профили треба да се отворат во стручните училишта во учебната 2021/2022 година и дека целта на овие активности е да се усогласат профилите потребни на локално ниво и такви и да се отворат за да може понатаму, како што рече, реалниот сектор да се опслужува со кадарот што му е неопходен и за развој, но и за одржување не економијата на локално и на регионално ниво.

„Сметам дека овие средби течат одлично и имаме остварување одлични резултати и по оставрување на средбите помеѓу училиштата и компаниите и се надевам ќе ја оствариме целта наредната учебна година да понудиме соодветни програми кои се потребни за компаниите, но и компаниите да ги отворат своите врати за учениците. Некаде ќе отвориме дуални паралелки, а некаде феријалната пракса ќе се одвива непречено и интензивно, се со цел кадарот којшто ќе заврши средно образование да биде полесно вработлив“, изјави Царовска.

На средбата присуствуваа градоначалниците на Крива Паланка и Кратово кои посочија на состојбата со реалните потреби на стручните образовни кадри и компаниите на локално ниво.

„Образованието е една од најзначајните алки во секое општество, а токму ваквите непосредни средби се вистински начин да се даде насока за следните чекори во стручното образование. Дуалното образование е една од можностите, а денес и ќе се дискутира каква е реалната состојбам на пазарот на труд на локално ниво и што е она што го очекувам стопанството да се генерира како кадар“, изјави Борјанчо Мицевски,
градоначалник на Крива Паланка.

Градоначалникот на Кратово, Љупчо Бојаџиев, го поздрави овој нов концепт на консултации и соработка на МОН со локалните самоуправи и бизнис-секторот за еден нов концепт на средно образование, коешто ќе даде нов квалитет во живеењето и кое ќе продуцира компатибилни кадри со новиот тренд во стопанството.

Во анализата што МОН ја има направено преку анкета, опфатени биле 450 компании од цела држава, од кои 85 отсто се изјасниле дека се подготвени да примат ученици на пракса.

Компаниите од општините Крива Паланка и Ранковце имале побарувања за кадар од машинската струка и угостителската, кои ги има како насоки во стручните училишта од двете општини, додека има побарување, а се дефицитарни струките: електромеханичар, здравствена и сообраќајна струка.

Овој процес Министерството за образование и наука го реализира во соработка и со поддршка од Амбасадата на Швајцарија. На настанот присуствуваше и претставник од Стопанската комора на Македонија.

актуелно компании профили средно стручно образование царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.