Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: За неполна година обезбедени вкупно 1.025 вработувања во градинките
Македонија

Царовска: За неполна година обезбедени вкупно 1.025 вработувања во градинките

октомври 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за труд и социјална политика последниот месец обезбеди 126 нови вработувања во градинките низ Македонија, од кои поголемиот дел се на неопределено време. Со ова последна согласност, од почетокот на годината до сега, МТСП преку Министерството за финансии, обезбеди средства општините да вработат вкупно 1.025 воспитувачки, негувателки и друг персонал во детската заштита. Од нив, 975 се на неопределено, а само 68 на определено време.

Ова го изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која денеска со градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, ја посети градинката „Орце Николов“. Ова е една од установите каде што има 24 нови вработувања. Од нив 18 се на неопределено време, а 6 се замена на вработени кои користат породилно, или подолготрајно боледување и се на определено време.

„Бројките говорат дека оваа Влада посветено работи на подобрување на условите и на кадарот каде што се згрижуваат најмалите. Драстично ги намаливме договорите на дело и трајно го вработуваме персоналот кој ги чува децата, затоа што секое дете ни е важно, но важен ни е и кадарот на кој сакаме да му го вратиме достоинството. Со ваквиот чекор ја прекинуваме праксата од минатото, кога изигрувајќи ги позитивните прописи илјадници лица беа ангажирани со договори на определено време , договори за дело или ангажирани заради итни и неодложни работи, држени во неизвесност за да се користат за политички цели“, изјави министерката Мила Царовска.

Освен што се работи на зајакнување на кадарот, МТСП ги проширува и капацитетите. Од почетокот на годината до сега се отворени 11 градинки, а заклучно со декември планирано е во функција да се стават уште 13, со што годината ќе се заврши со вкупно 24 новоотворени градинки низ Македонија. Буџет за изградба и опремување  изнесува 41,6 милиони денари и е за 44% поголем од парите искористени лани за истата намена. Заклучно со август, е реализиран 42 % од планираниот буџетот за оваа намена за 2018, односно веќе се инвестирани 17,5 милиони денари во детски градинки. Оваа сума е речиси иста со сумата која била инвестирана од претходната власт за цела 2015 година, а е за околу 3 милиони денари поголема од потрошениот годишен буџет наменет за градинки во 2016 година.

Исто така, МТСП интензивно работи на градење на систем на вработени преку кој би се постигнал професионален и кариерен развој на вработените. Со овој систем перманентно ќе работиме на подобрување на квалитетот на услугата на вработените во областа на детска заштита. Системот на работни места на вработените е поврзан и со  зголемување на  нивните плати и соодветно вреднување за секое е постигнато ниво на професионален развој на секој вработен.

Обезбедено и е зголемување на платите, односно сите 4.338 вработени, со септемвриската плата исплатена во октомври добија и покачување од 5%.

актуелно македонија министерство МТСП царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.