Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години
  • ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени
  • Во Атина осветлена новогодишната елка
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Преку образование со вклучена платена пракса компаниите обезбедуваат стручен кадар
Во Фокусот

Царовска: Преку образование со вклучена платена пракса компаниите обезбедуваат стручен кадар

октомври 8, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Mинистерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер, денеска ги доделија договорите за месечен надомест на учениците во втора година кои се дел од специјалната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје. Учениците кои се дел од дуалното образование, досега од ЕВН Македонија добиваа надомест за летната практикантска обука, а овој дополнителен надомест е мотивација и вреднување на трудот и нивниот ангажман  за време на учењето преку работа во ЕВН.

„Овој проект е успешен начин на градење на вештини потребни на пазарот на работна сила. Ги охрабрувам и другите компании да го следат примерот на ЕВН Македонија која направи специјална паралелка за стручно оспособување на средношколците.

Придобивки од ваков вид образование има и компанијата која веднаш си обезбедува стручен кадар, и учениците кои освен што стручно се оспособуваат, добиваат и надоместок за практикантската работа, но и вработување веднаш по завршувањето на образованието. На овој начин се решава недостигот на стручен кадар кој во последните неколку години е сѐ поизразен, но истовремено се намалува невработеноста“, рече министерката Царовска.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер рече дека задоволство е да се помогне на ученици кои успешно ја поминале првата година во ЕВН паралелката и се подготвени за нови знаења и предизвици.

„Инвестицијата во средства и човечки ресурси која ја направивме со овој проект ја градат идната работна сила не само на ЕВН туку на целата земја. Тоа нѐ етаблира како лидери на промените кои треба да следат во образованието во насока на обезбедување на квалификувани кадри на пазарот на труд“, рече Петер.

Со Оперативниот план компаниите имаат можност да отвораат тренинг центри чија основна цел да обучуваат и преквалификуваат стручен кадар кој потоа би го вклучиле во производствениот процес. Исто така, Министертвото за труд и социјална политика изготви закон за практиканство со кој за прв пат во Македонија се овозможува ограничен период на платена работна пракса во која ќе биде вклучено и учење и обука.

актуелно ЕВН министерство образование царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Грција убиени над 100 жени од своите партнери за 7 години

ноември 25, 2026

ОН: Во текот на 2025 година, просечно по пет фемициди на час, убиени околу 47.000 жени

ноември 25, 2026

Во Атина осветлена новогодишната елка

ноември 25, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.