Лидерите на Групата 20 водечки светски економии (Г20) објавија денеска дека нивните централни банки ќе продолжат да го калибрираат темпото на затегнување на монетарната политика, имајќи ја предвид потребата да се ограничат „ефектите на прелевање врз другите земји“.
Во соопштението се вели дека членките на Г20 повторно ја потврдија својата посветеност за да се избегне прекумерна нестабилност на девизниот курс, истовремено признавајќи дека „многу валути забележале значителни движења“ оваа година.
„Централните банки на Г20 внимателно го следат влијанието на ценовните притисоци врз инфлациските очекувања и ќе продолжат да го калибрираат темпото на заострувања на монетарната политика врз основа на показатели и со јасно образложение“, се додава.
Поради сталната загриженост во економиите во настојувањето за влијанието што агресивното зголемување на американските каматни стапки би можело да го има на нивните пазари, се напоменува дека централните банки на Г20 ќе водат сметка за потребата да се ограничат негативните ефекти.
„Независноста на централните банки е клучна за постигнување на овие цели и зајакнување на веродостојноста на монетарната политика“, се заклучува во соопштението.