Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: ЕУ направи кардинална грешка
Македонија

Ципрас: ЕУ направи кардинална грешка

октомври 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ирационално е она што го стори Европската Унија и се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка, која не треба да стане фатална, изјави лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за Крит
ТВ, говорејќи за европската перспектива на Северна Македонија и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас вели дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе се моли на изборите во Северна Македонија „да не дојдат на власт неговите истомисленици”, истакнувајќи дека „националниот и патриотскиот интерес“ велел дека треба да се постигне Договорот од Преспа.

Според него, решението постигнато со Договорот меѓу двете земји не може лесно да се урне.

– Не верувам дека е лесно да се урне Договорот (од Преспа), но влегуваме во перипетија, во непотребна перипетија. Ирационално е она што го стори Европската унија и се надевам дека е привремен неуспех. Се надевам дека набрзо ќе сфатат оти направија историска грешка. Грешка која не треба да стане фатална. И ова го велам знаејќи паралелно дека, за жал, Грција беше отсутна од консултациите и од се што се случи на Самитот минатата седмица, рече Ципрас, додавајќи дека се очекувало Грција, а не Данска и Холандија да имаат став и улога во дискусијата што се однесува на Балканот.

Поранешниот грчки премиер упати критики до актуелната Влада во Атина за ставот дека поради албанското население, кандидатурите на Северна Македонија и Албанија не треба да се раздвојат и запраша дали можеби на овој начин Грција индиректно не ја призна логиката на Голема Албанија.

Ципрас ја коментираше и позицијата на грчкиот премиер Мицотакис за Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тој “велеше оти овој договор е штетен, катастрофален и предавнички, а сега вели дека треба да се придржуваме до него и да го почитуваме”.

„Сега ги следам случувањата и претпоставувам господинот Мицотакис ќе моли да не случајно се смени Владата (во Скопје) и господинот Заев да не ги загуби изборите во Северна Македонија и на власт да дојдат неговите истомисленици, оние кои ќе сакаат да му наштетат на Договорот. И ќе го гледам господинот Мицотакис, кој говореше за штетен договор, да моли за тоа колку е важен овој договор, нагласи Ципрас во интервјуто за критската телевизија.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно албанија грешка ЕУ северна македонија ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.