Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Четвртиот случај на делта сојот во државава, уште четири други суспектни
Градови

Четвртиот случај на делта сојот во државава, уште четири други суспектни

јули 6, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во текот на вчерашниот ден потврден е четврти случај на заразен со делта сој на коронавирусот во нашата држава, а четири други лица се суспектни.

Новорегистрираниот со индиската варијанта се лекува во болницата во Велес и е со лесна клиничка слика. Од четирите суспектни на делта сојот, едниот е во лоша здравствена состојба, приклучен на респиратор, а три лица се со стабилна клиничка слика, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За суспектните четворица пациенти, до вечер ќе се знае дали се заразени со индиската варијанта на вирусот или не.

„Скринингот, кој се прави на тестовите во Институтот за јавно здравје лабораторијата на МАНУ, ја исклучува британската варијанта на вирусот.

Што значи, секаде каде што ќе се покаже дека не е британската варијанта, се прави секвенционирање за да се потврди присуство на индискиот сој, соопшти Филипче, кој рече дека новозаразените случаи не се епидемиолошки поврзани едни со други.

Тој посочи дека во овој момент нема притисок во болниците, ниту за прегледи. Од денеска во болницата во Битола не се лекува ниту еден пациент, а во Охрид само уште едно лице, соопшти Филипче.

Министерот уште еднаш го соопшти ставот на Комисијата за заразни болести дека засега не се планираат мерки во однос на штитењето на границите од делта сојот, но напомена дека деновиве ќе го разгледаат уште еднаш ова прашање.

„Ова прашање се постави за време на вчерашниот состанок на Комисијата и ќе го евалуираме во текот на оваа недела. До крајот на оваа недела, најкасно почеток на следната недела ќе заземе став. Грција е единствената земја во регионот која бара ПЦР тестови, потврди за вакцинација и единствената земја во која има пораст на случаи.

Значи дека мора да бидеме внимателни кога ги носиме мерките за да вистински служат и да штитат таму каде што треба, рече Филипче, кој напомена дека во повеќе од 100 земји веќе е регистриран делта сојот на вирусот.

Филипче смета дека државите од регионот треба да имаат поорганизиран пристап во однос на ширењето на делата сојот.

„Јас ќе разговарам денеска и утре со колегите министри од земјите во регионот, Србија, Албанија, Косово, во рамки на онаа комуникација што ја отворивме во делот на Берлинскиот процес за да заземе заеднички ставови. Мислам дека тоа е многу важно, нагласи Филипче.

Тој потенцира дека ги следи истражувањата поврзани со делата сојот.

„Во делот на клиничката слика сè уште немаме точни податоци дали има потешка клиничка слика како што имаше британскиот сој кога се појави.

Има некои публикации коишто укажуваат дека нема. Сè уште е рано тоа да го потврдиме. И во однос на ефикасноста на вакцините дефинитивно штитат од потешката форма на болеста и од смрт, нагласи министерот за здравство, по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

актуелно делта сој македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.