Четири лица го загубија животот во денешниот напад на шиитско светилиште во Иран, јавуваат државните медиуми.
„Најмалку четири лица се убиени во терористички напад на двајца вооружени мажи на храмот Шах-Чераг“ во Шираз, град јужно од Техеран, според официјалната новинска агенција ИРНА.
Новинската агенција Тасним објави дека двајца вооружени напаѓачи прво се обиделе да влезат во храмот, а потоа отвориле оган врз посетителите.
Еден од напаѓачите е уапсен, додека другиот избегал. Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот.
Фото: Shutterstock/Mohasseyn







