Четири лица осомничени за екстремизам се убиени, а две се ранети во престрелка после напад на полицијата во Грзони, главниот град на Чеченија.
„Група вооружени лица вчераноќ нападна полицаец во Грозни и му го одзела автомобилот. Полицијата брзо реагираше и го блокираше градот, па успеа да ги запре напаѓачите, а во престрелката четирите напаѓачи се убиени“, рече денес чеченскиот претседател Рамзан Кадиров за медиумите и додаде дека меѓу полицајците нема ниту повредени, ниту загинати.
Според неговите зборови, „бандитите се неутрализирани“.
Властите во Чеченија за исламските бунтовници често го користат името „бандити“.
После две сепаратистички војни во 1990 и 2000 година, Русија ја остави Чеченија во раце на претседател кого го избира локалното население.
Чеченија сега е мирна и со неа со „цврста рака“, а и со поддршка на Москва, управува Рамзан Кадиров.
Бројот на напади на исламистичките бунтовници на претставниците на власта не е како некогаш, од ден на ден е се помал.