Две членки на панк бендот „Пуси Рајот“ започнаа штрајк со глад во затвор во близина на Москва, каде што моментално отслужуваат казна, објавија два независни руски портали.
Марија Аљокхина и Луисија Штеин бараат сместување во една ќелија и можност да комуницираат, објавија независниот портал Медуза и порталот за граѓански права Овд-Инфо.
На Аљокхина и Штеин во моментов им е забрането во затворот меѓу себе да разговараат, а според извештаите, таа забрана нема правна основа.
И двете жени отслужуваат двенеделни затворски казни за организирање протест за поддршка на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, на почетокот од овој месец.
Членовите на бендот беа апсени од руската полиција во повеќе наврати, што често резултираше со затворски казни, бидејќи се здобија со меѓународна слава поради изведув
ањето на „панк-молитвата“ во знак на протест против рускиот претседател Владимир Путин во катедралата Христос Спасител во Москва, во 2012 година.
(Фото: ЕПА)







