Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Членството во ЕУ останува императив за Западен Балкан
Македонија

Членството во ЕУ останува императив за Западен Балкан

ноември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Иницијативата за регионална соработка што ја прмовираа лидерите на Македонија, Србија и на Албанија оценета како „мал шенген“ не значи отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. Лидерите на државите од Западен Балкан со оценка дека регионот треба да го овозможи тоа не само заради исполнување на европските критериуми во рамки на евроинтеграцијата, туку повеќе заради подобрување на трговската, стоковата, размената на бизнис-идеи, слободата на движења на луѓе и работна сила, сето во насока на креирање услови за подобрување на стандардот на граѓаните кои живеат во овој дел на Европа.

Одредбите што ги предвидува иницијативата се истите оние за кои е дискутирано на средбите на челниците од регионот со европските лидери, како реформи во транспортот, царините, безбедносните структури, а за кои постои согласност дека позитивно ќе се одразат врз бизнис-климата во Западен Балкан.

Премиерите на Македонија и на Албанија Зоран Заев и Еди Рама, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид истакнаа дека Иницијативата не е ништо туку искористување на заедничките потенцијали за остварување подобри стандарди за сите граѓани од регионот.

После средбата во Охрид беа појаснети дел од одредбите содржани во Акцискиот план за создавање на, како што го нарече Зоран Заев т.н. „нов Западен Балкан од 21 век“, планот што предвидува 24/7 работа на сите служби на граничните премини, премин на луѓе со лични карти преку границите од целиот регион, брз премин на камионите со стоки низ административните процедури, признавање на дипломите, слободен
пазар на трудот во регионот…

„Тоа се нови перспективи за регионот, верувам дека сите лидери од Западен Балкан ќе ја прифатат иницијативата, се она што го правиме самоиницијативно за подобрување на перспективите на овој дел од Европа, рече Заев.

Претседателот на Србија Вучиќ со пример појасни дека само воведувањето дежурни фитосанитарни и ветеринарни служби на неколку гранични премини на земјите од регионот ќе им заштедат 229 милиони евра. Според Вучиќ, производителите од Албанија сега многу полесно својата стока ќе можат да ја извезуваат во Србија, со признавање на квалификациите и дипломите луѓето од Србија да се вработуваат во
Македонија…

Намерата е, рече Вучиќ, доколку влезете на аеродромот во Белград, да не ви требаат посебни документи за влез во Албанија, никој да не ве прашува за документи, да има што е можно помала документација и што е можно помалку гранични проблеми. Кога ќе слетате во Скопје, ние повеќе нема да ве прашуваме како стигнавте таму, можете да одите во Белград или Тирана, тоа е еден вид „мини Шенген“. Тој најави дека трите држави ќе можат заедно да креираат туристички рути, дека може да се посетат Белград, Копаоник, Златибор и Охрид или Драч, наеднаш и без дополнителни барања за визи и дозволи што ќе придонесе за поголем број туристи на регионот.

„Мислам дека ова се огромни, крупни промени… Горд сум на овој договор, тој е иднината, тоа не е создавање некаква нова Југославија туку подобар живот за сите наши граѓани, претварање на регионот во амбиент на нормалност, а не на судири и омраза, рече Вучиќ.

Албанскиот премиер Еди Рама исто така ги нагласи позитивните одредби содржани во Документот од Нови Сад, на иницијативата за подобро поврзување на Западен Балкан.

„Она што е важно е што оваа иницијатива доаѓа како внатрешна желба на државите од регионот, а не како резултат на патронизам од европските центри. Нема тука никакви обиди за создавање некаква Голема Албанија ниту за некаква нова Југославија, туку остварување на заложбите за овозможување на четирите столбови на слободата. слободно движење на граѓаните, признавање на дипломите, отстранување на секојдневните препреки кои го чинат регионот милиони евра, рече Рама.

На првиот состанок одржан на 10 октомври во Нови Сад Заев, Вучиќ и Рама потпишаа Декларација со намери за воспоставување Иницијатива за регионална соработка, како начин за создавање предуслови за остварување на четири взамено прифатливи слободи на движење на луѓе, стоки, услуги и капитал. Следната средба за „мал шенген“ е предвидено да се одржи идниот месец во Драч.

актуелно балкан западен членство
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.