Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Согласно протоколите почнаа со работа градинките, сите да покажат максимална одговорност
Во Фокусот

Шахпаска: Согласно протоколите почнаа со работа градинките, сите да покажат максимална одговорност

септември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Утрово почнаа со работа установите за згрижување и воспитување на децата согласно протоколите за функционирање во услови на пандемија со КОВИД–19.

Сите установи во земјава согласно протоколите имаат капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродром, каде надлежните ја информирале дека денот успешно започнал, децата дошле во градинка заедно со своите родители, а при влез биле запазени сите протоколи за заштита од КОВИД–19.

„Сите чинители кои се вклучени во синџирот за безбедност на децата во
градинката треба да покажат максимална одговорност, почнувајќи од градинките, вработените во градинките, воспитувачите и негувателите, персоналот, родители кои ги носат и земаат децата и ние како министерство, за што побезбеден престој за најмалите“, рече министерката Шахпаска.

Таа појасни дека протоколот што Комисијата за заразни болести го усвои многу јасно ги одредува обврските на сите.

Протоколот, рече, предвидува посебен режим за прием на децата, исхрана, но регулира и како ќе се одвива одморот, спиењето, играњето на децата во градинките…, а со негово почитување на минимум се сведуваат
ризиците од инфекцијата.

Во групите од 0 до две години треба да бидат сместени до шест деца, за кои ќе се грижат двајца вработени, а во поголемите групи од две до шест години, најмногу 15 деца за кои, исто така, се грижат двајца–воспитувач и негувател.

„Проценките на МТСП велат дека согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат. Министерството за здравство донесе посебни протоколи и алгоритми со постапки според кои се постапува со децата кои се сомнителни на Ковид-19“, рече Шахпаска.

Таа апелираше воспитувачките и учителките да седат цел ден во својата
група, да нема групирање за пиење кафе, за да се заштитат сите од
ширење на болеста.

Одговарајќи на новнарско прашање дали е вистина дека една градинка во Свети Николе не почнала со работа утрово поради сомевање за случај со КОВИД-19, таа рече дека нема таква информација, но, како што посочи, доколку градинката не била отворена од таа причина, тоа значи дека се почитуваат мерките и протоколите.

„На последниот состанок со директорите на градинкитешто го имавме во петокот сите покажаа подготвеност да почнат со работа. Ова е нов момент. Доколку се работи за сомневање за инфекција со КОВИД-19 тоа говори за одговорност зошто не била отворена таа градинка. Значи, ова е тоа за што говориме. И за еден сомнителен случај треба да направиме проценка дали би стартувале со работа“, рече министерката за труд и социјална политика.

Во врска со времето на прием и заминување на децата од градинка, министерката Шахпаска истакна дека, тоа треба да го уредат директорите во кој временски период би се одвивале, дали еден од вработените кои се грижат за децат би дошол порано, друг подоцна, со цел да родителите да можат да ги донесат и земат децата, со запазување на протоколите за децата да бидат безбедни и да не биде загрозен работниот процес.

Директорката на градинката Елена Устамитова, рече дека утрово со
почитување на мерките за заштита почнал прием на деца.

На децата, родителите и вработените пред влез во градинката им се мери
температура.

Оваа градинка има пет клона.

Во сите пет објекти претходно се згрижувале 1.100 деца, но согласно протоколите сега има можност да се згрижат 560 деца.

актуелно градинки протоколи Шахпаска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.