Швајцарија ќе го преполови времетраењето на карантинот на пет дена за да и помогне на економијата да се справи со пандемскиот бран предизвикан од „омикрон“, објави швајцарската влада.
„Епидемиолошката состојба е критична“
Здравствените власти го одобрија ова во време кога десетици илјади луѓе секојдневно се заразуваат со оваа многу заразна варијанта на вирусот. Официјалните лица стравуваат дека пандемскиот бран би можел да го преоптовари здравствениот систем во земјата каде што две третини од населението е вакцинирано двапати, а 30 отсто ја примиле засилувачка „бустер доза“ од вакцината.
Владата предложи да се продолжат ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец, до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како во соседна Австрија.
„Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени“, велат од Владата.
Пократкото траење на карантинот
Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата „омикрон“ се чини дека е помалку опасна. Вчера беа потврдени 32.881 новозаразени.
Пократкото времетраење на карантинот стапува на сила денеска. Ова е можно бидејќи „омикрон“ има пократко време помеѓу инфекцијата и пренесувањето на вирусот на други лица, соопшти владата.
Од почетокот на пандемијата на почетокот на 2020 година, во Швајцарија и соседниот Лихтенштајн се потврдени повеќе од 1,6 милиони луѓе, а повеќе од 12.000 луѓе починале.