Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска меѓу македонските војници во Авганистан
Македонија

Шекеринска меѓу македонските војници во Авганистан

ноември 20, 2018Updated:ноември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
(ФОТО:МИА)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонската вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска пристигна во Кабул во посета на македонскиот контингент, кој учествува во НАТО мировната мисија „Одлучна поддршка“.

Министерката беше пречекана на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул од командатот на македонскиот контингент, полковник Кенан Рахиќ.

Македонскиот контингент, како што јави известувачот на МИА од Кабул, има 49 припадници, а Шекеринска беше пречекана од 12-мината офицери и еден подофицер од кои четири припаднички на АРМ во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град (КОСА-ГГ), која дејствува во рамки на аеродромот, како и од деветмината припадници на контингент од КОСА- Север, кои од Мазар-е-Шариф дојдоа тука за пречекот на министерката.

„Навистина ми е чест и задоволство што денеска сум тука да бидам заедно со македонските војници во Авганистан и да им покажам колку Македонија им должи и колку ја почитува жртвата и трудот, што ги вложуваат, рече министерката.

Таа во кусата изјава на почетокот на посетата истакна дека со доаѓањето тука во Кабул на македонската делегација всушност се испраќа пораката дека стратешката цел – членството на Македонија во НАТО не обединува.

„Тука сме да дадеме поддршка за луѓето кои ги ставаат во ризик своите животи во име на Македонија и за Македонија и затоа денеска ќе ни биде задоволство да го поминеме овој ден со нашите војници, припадници на АРМ и да се заблагодариме на нивната служба во име на татковината, за татковината  и за нејзините стратешки цели, нагласи Шекеринска.

Таа истакна дека македонските припадници се на крајот на својата мисија.  -Шест месеци ги минуваат во Авганистан носејќи го македонското знаме и претставувајќи ја својата земја во извонредно, тешки, опасни и ризични услови, истакна министерката за одбрана.

Шекеринска во КОСА-ГГ се сретна со нејзиниот командант турскиот бригаден генерал Јашар Дилбер, со командантот на аеродромот, бригадниот генерал Хусеин Канбур, а предвидено е да ја посети и Централната команда на „Одлучна поддршка“, каде има 27 припадници на АРМ, тројца на штабни должности и 24 во рамки на единицата за заштита на силите.

Министерката во Централната команда на Одлучна поддршка ќе има средби со командатот на НАТО мисијата, американскиот генерал Остин Милер и со високиот цивилен претставник на Алијансата, Корнелуис Зимерман.

Во македонската делегација се и пратениците Фросина Ташевска Ременски, Трајчо Димков и Реџаиљ Исмаили.

Македонија во НАТО Мисијата „Одлучна поддршка“ се приклучи од самиот нејзин почеток, 1 јануари 2015 година. „Одлучна поддршка“ е неборбена НАТО мисија посветена на обука, советување и помош на авганистанските национални сили за одбрана и безбедност. Таа беше лансирана по завршувањето на претходната НАТО Мисија во Авганистан.

актуелно арм коса-гг македонија шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.