Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска и Османи: Пратениците да ја прифатат пораката од референдумот и да го следат гласот на мнозинството
Македонија

Шекеринска и Османи: Пратениците да ја прифатат пораката од референдумот и да го следат гласот на мнозинството

октомври 1, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и Заменик претседателот во Владата на РМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска одржаа прес-конференција по повод резултатите од референдумот, како и за пораките што ги испорачаа граѓаните со резултатите од гласањето.

Шекеринска, пред бројните домашни и странски новинари, истакна дека граѓаните на Република Македонија вчера излегоа на историски референдум на кој повеќе од 91% избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ.

„Дури и во случај на поголема излезност, дури и ако имаше 1,1 милион излезени гласачи, овој резултат од над 600.000 граѓани кои гласале ЗА, ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба ЗА европска Македонија. Политичката идеја Европска Македонија доби повеќе гласови ЗА од кој било победник на кои било парламентарни избори во историјата на независна Македонија. Одлучија гласовите на тие што гласаа. Граѓаните што гласаа презедоа одговорност“, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Шекеринска.

Шекеринска нагласи дека граѓаните на референдумот излегоа по сопствена волја, и дека нивниот глас и гласот на секој граѓанин одделно, денеска е сериозен влог. Гласот на граѓаните е јасен повик: сите политички партии да му се приклучат на процесот и да работат за заедничката цел, рече Шекеринска и истакна:

„Сега останува на пратениците да ја прифатат пораката од резултатот од референдумот и да го следат гласот на мнозинството и мнозински изразената волја за европска Македонија за да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ за подобра иднина. Сите одговорни лидери, секој пратеник, треба да се отповикаат на јасната порака на граѓаните на референдумот и да се обединат за да ја одведеме нашата земја таму каде што припаѓа – во ЕУ и во НАТО“, истакна министерката за одбрана и вицепремиер во Владата на РМ Радмила Шекеринска.

Во своето обраќање пред новинарите Шекеринска потенцираше дека сега е време националните интереси, интересите на граѓаните и стратешките интереси на државата да се стават над поединечните и над партиските интереси. Таа додаде дека сите сериозни политички лидери се свесни дека подобар договор со Република Грција нема и не може да има, и дека секое одлагање на историската одлука за прифаќање на договорот ќе не фрли во вителот на неизвесност и немир.

„Да не си играме со нашата иднина и со државата. Ова прашање е поголемо од секој од нас и од нашите политички партии. Ова е времето кога заедништвото на политичките претставници е најпотребно за Македонија. Во спротивно, единствената друга демократска алатка која преостанува се предвремени парламентарни избори – веднаш!“

Вицепремиерот Бујар Османи, задолжен за европски прашања, своето внимание го задржа на легитимитетот на референдумскиот резултат, кој како силна политички изразена волја на граѓаните, вчерашниот ден го направи историски.

Остварената излезност, и плебисцитарната одлука за поддршка на референдумското прашање од вкупниот број на излезените гласачи им дава легитимитет и на институциите да продолжат со имплементација на меѓународниот договор меѓу Република Македонија и Република Грција со што се овозможува финализирање на нашето членство во ЕУ и НАТО, што за граѓаните значи подобар живот, во безбедна заедница на најмоќните држави во Европа и во светот.

„Одлуката на граѓаните на вчерашниот референдум значи дека граѓаните гласаа за подобар живот и за целосна имплементација од придобивките од договорот. Граѓаните гласаа за таа опција затоа што на спротивната страна им се заканува опцијата полна со ризици за иднината, за нестабилност и за непредвидливост за економскиот развој, за странските инвестиции и за планирањето на иднината, особено за иднината на младите“, потенцираше вицепремиерот задолжен за европски прашања Османи.

Тој додаде дека вчерашните резултати со огромно мнозинство „За“, обврзува нивната волја да биде преточена со членство во ЕУ и НАТО.

„Единствениот инструмент кој мери дали сте за ЕУ и НАТО е референдумот со гласачите што излегоа на гласачките места и што го дадоа својот глас. Само оние што гласаа. Граѓаните да бидат горди на таа одлука, а пратениците во Собранието на РМ сега треба да ја преземат одговорноста да ја материјализира одлуката на граѓаните и да го започнат процесот на уставни промени за да се реализира договорот со Република Грција.

„Очекуваме пратениците да ја прифатат одговорноста, нивната лична, но и одговорноста што произлегува од историскиот момент за нашата земја. Да ја прифатат одлуката на граѓаните и да одлучат дали ја сакаат нашата земја во ЕУ и НАТО, или сакаат таа да остане во изолација. Оваа одлука секоја пратеник сам треба да ја донесе во наредните денови. Таа одлука не е на некој друг, или на партијата.

Вицепремиерот Османи истакна дека владината коалиција останува докрај на оваа можност и ќе ги искористи сите можности Собранието на РМ да го заврши овој процес.

„Сега е време за носење големи одлуки. Имаме ограничен временски период, и доколку пратениците не ја прифатат одговорноста да ја спроведат волјата на граѓаните изразена со референдумскиот резултат, остануваат другите алтернативи“, рече вицепремиерот Бујар Османи, задолжен за европски прашања, на заедничката прес-конференција со Заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

актуелно Грција ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.