Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска на Европскиот форум во Виена: Македонија е позитивен пример во регионот
Македонија

Шекеринска на Европскиот форум во Виена: Македонија е позитивен пример во регионот

ноември 9, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на 22. Европски форум кој се одржува во Виена на тема „ЕУ како водечки актер за безбедност и одбрана“.

Во рамки на форумот, соопшти денеска Министерството за одбрана, Шекеринска имаше обраќање на панел дискусијата посветена на  Југоисточна Европа, Македонија и нејзината улога во стабилноста на ЕУ.

„Република Македонија неодамна имаше успешен исход на Пристапните разговори за членство во НАТО и очекуваме позитивните тенденции да продолжат и да резултираат и со почеток на преговори со ЕУ. Сето тоа е резултат на долги подготовки и соработка со Алијансата и со ЕУ за исполнување на политичките и воено-безбедносни стандарди. Вложивме огромни напори и посветеност и остануваме на тој пат, истакна министерката Шекеринска.

Шекеринска наведе дека првпат е забележан напредок и во политичката клима во Македонија со учество на дел од опозицијата во процесот на уставни измени кои се неопходни за членството во НАТО, и оти тоа е резултат на заложбите на сите да ја видат Македонија успешна и интегрирана во Европа.

Министерката за одбрана, стои во соопштението, ги посочи договорите со Грција и Бугарија како пресвртна точка во надворешната политика на Македонија и евроатлантските интеграции, при што подвлече дека нивното постигнување барало многу работа и откажувања, но сето тоа вреди бидејќи е осигурана иднината на граѓаните.

„Убедена сум дека дијалогот е единствениот начин за сите нас во регионот да ги надминуваме билатералните разлики и недоразбирања. Искрено се надевам дека нашиот пример ќе служи како поттик во развојот на односите меѓу земјите од регионот, истакна Шекеринска.

Таа заклучи дека политиката на проширување на ЕУ е инвестиција во мирот, безбедноста, просперитетот и стабилноста на Европа и оти интеграцијата на Западен Балкан ќе биде голема победа на Европската унија. Како аргумент Шекеринска ги наведе зголемувањето на економските и трговски можности, како и подобрувањето на животниот стандард на земјите аспиранти од една страна и зголемената трговија за Европската унија од друга страна.

Домаќини на форумот се Австрискиот институт за европска и безбедносна политика и Дипломатската академија на Виена, а учествуваат повеќе актуелни и поранешни функционери од регионот, Австрија и пошироко, како и авторитети од областа на одбраната и безбедноста.

актуелно Виена македонија НАТО шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.