Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска од Кабул: Да станеме свесни за жртвата што македонските мировници ја даваат за државата
Македонија

Шекеринска од Кабул: Да станеме свесни за жртвата што македонските мировници ја даваат за државата

ноември 21, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која вчера и денеска беше во посета на македонскиот конгингент во рамки на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во базите во Кабул на заминувањето порача дека голема е жрвата и придонесот, кои македонските мировниците го даваат за својата државата и нејзините стратешки цели.

„Заминуваме од Кабул уште посвесни за огромната жрвта и за придонесот, кој нашите мировници го даваат за својата држава и за нејзините стратешки цели. Додека бевме во базата во Кабул вчера се случи навистина страшен напад во кој настрадале сигуно над 50 луѓе, цивили. Ова покажува колку е тука тенка линијата меѓу мир и војна, меѓу сигурност и несигурност,  порача Шекеринска.

Таа, како што јави известувачот на МИА од Кабул, додаде дека тоа само покажува дека и нашите мировници, како и сите припадници на оваа мисија секојдневно живеат во извонредно ризична средина и секојдневно го ставаат својот живот на ризик.

Министерката напомена дека обврска на Собранието и на Владата е да им обезбедат на мировницитее се што им е потребно за непречно да ги извршуваат своите задачи.

„Денеска им посакавме во име на цела Маедонија здравје, успех и среќни и задоволни да се се вратат кај семејствата. Тие многу вложуваат со своето учество во мировните мисии. Очекуваме дека тоа ќе се врати во смисла на поголема стабилност на државата, но и во смисла на нашето членство во НАТО, истакна Шекеринска.

Додека македонската делегација во чиј состав освен министерката Шекеринска, беа и пратениците пратениците Фросина Ташевска Ременски, Трајчо Димков и Реџаиљ Исмаили престојуваше во базата на аеродомот во Кабул, вчера во главниот авганистански град се случи самоубиствен напад во кој загинаа 55 лица, а над 70 се повредени. Нападот беше насочен врз религиозна церемонија на која учествуваа стотици авганистански улеми (теолози).

Шекеринска, која е прв министер за одбрана, што ги посетил македонските мировници во Авганистан во изминатите пет години, вчера на аеродромот и во Командата за обука, советување и асистенција – Главен град, беше пречекана од командатот на македонскиот контингент, полковник Кенан Рахиќ, од македонските припадници во КОСА-ГГ и од припадниците на КОСА-Север, кои од Мазар-е-Шариф дојдоа во Кабул за посетата на министерката.

Македонскиот контингент во „Одлучна поддршка“ брои вкупно 49 припадници на АРМ – 12 офицери и еден подофицер, од кои четири припаднички на АРМ во КОСА-ГГ, деветмината офицери во КОСА- Север и 27 припадници во Централната команда во Кабул, каде има тројца офицери и 24 припадници на армијата во рамки на Единицата за заштита на силите.

Шекеринска за време на престојот во Кабул се сретна со командантот на „Одлучна поддршка“, американскиот генерал Остин Милер, со командатот на КОСА-ГГ, турскиот бригаден генерал Јашар Дилбер и со командантот на аеродромот, бригадниот генерал Хусеин Канбур.

Имаше средба и со високиот цивилен претставник на Алијансата за Авганистан, Корнелуис Зимерман, кој по состанокот со министерката истакна дека земјава не само воено, туку и политички е мошне важна за мисијата на НАТО во Авганистан, бидејќи секоја членка е дополнителна вредност.

„Посакувам вашата земја наскоро да ги преземе сите потребни чекори и мошне брзо да се приклучи кон Алијансата, како нејзина 30. Членка, рече тој по средбата со Шекеринска.

Кабул македонија НАТО шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.