Министерката за одбрана Радмила Шекеринска очекува утре на седница на Влада да се дискутира за дел од прашањата поврзани за добивање, пристигнување и исполнување на условите во однос на вакцините од КОВАКС механизмот.
За сега, според неа, немало нови информации од она што е познато во јавноста.
„Знам уште од претходно дека сите услови кои се побааруваа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на мехнизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите“, изјави Радмила Шекеринска, по денешната промоција на нов софтвер во Министерството за одбрана.







