На покана на министерот за надворешни работи на македонија, Никола Димитров, денеска во официјална посета на нашата земја престојува потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Словенија, Миро Церар.
На средбата на Церар со домаќинот Димитров беа разменети мислења за билатералните односи, како и за можностите за зајакнување на соработката во повеќе области.







